Гренел на разговори со Вучевиќ: Приштина да го одреди датумот за избори на север и да ја формира ЗСО

Поранешниот пратеник на американскиот претседател за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел денеска најави дека со оглед на тоа што Србија го намали своето воено присуство долж границата со Косово, Косово сега треба да одреди датум за одржување избори во четири општини на север и формираат Заедница на српски општини.

„Утрово директно слушнав од министерот за одбрана на Србија дека го поздравуваат присуството на повеќе војници на НАТО на Косово и дека драматично го намалиле бројот на српски војници долж нивната граница. Ова е одлична вест. Албин Курти и Вјоса Османи сега треба да изберат датум за избори на север и да се формира Заедница на српски општини“, објави Гренел на социјалната мрежа Х по средбата со српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ.

Вучевиќ најави дека имал „продуктивна средба со Ричард Гренел, специјалниот пратеник за прашањето за Косово и Метохија во администрацијата на претседателот Доналд Трамп и поранешен шеф на американскиот разузнавачки сектор“.

Back to top button
Close