Грилиш го напушта Манчестер и се сели во Ливерпул
Џек Грилиш е пред заминување од редовите на Манчестер Сити и можен е негов трансфер во тим од градот Ливерпул – Евертон.
Раководството на „сините“ од Ливерпул веќе направиле контакт со Манчестер Сити. Евертон е за едногодишна позајмица, додека Манчестер Сити сака продажба на фудбалерот, иако и позајмицата е едно од решенијата.
Кога доаѓаше Грилиш во редовите на „граѓаните“ од Астон Вила во 2021 година Манчестер Сити плати 100 милиони фунти.
29-годишниот фудбалер има уште две години од договорот, но беше изоставен од составот на Пеп Гвардиола за Светското клупско првенство на ФИФА. Сепак од минатата недела повторно е приклучен и тренира со првиот тим.