Грилиш на суд за удирање на 3 паркирани автомобили

 За капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш веќе има подигнато обвинение за сообраќајна несреќа кон крајот на март во која удри во три паркирани автомобили и избега. Играчот од средниот ред тогаш се враќаше од забава на неговиот соиграч Рос МекКормак. Грилиш е повикан да се појави на суд во Бирмингем на 25 август.

Забавата се одржа за време на изолацијата и само неколку часа откако фудбалерот ги повика луѓето да ги следат мерките на здравствените власти заради пандемијата од коронавирус.

Сведоците велат дека по забавата, која траела цела ноќ, Грилиш влегол во неговиот автомобил, возел околу 200 метри, а потоа се удрил автомобили. Целата ситуација станува уште поинтригантна поради фотографијата на играчот, за која се вели дека е направена во близина на местото на инцидентот.

На неа, капитенот на Астон Вила има прилично чуден изглед, но најнеобичен е фактот дека на едната нога носи папуча, а на друга – апостолка. Подоцна, Грилиш се покаја за стореното.

Back to top button
Close