Грипот ја зеде првата жртва годинава – почина жена на Инфективна клиника

На Инфективната клиника во Скопје почина 75 годишна жена со повеќе хронични заболувања, а не била вакцинирана против сезонски грип.

„Се работи за возрасна пациентка на 75 години кај која лабораториски е потврдена инфлуенца А и пациентката имала многу коморбидитети“, изјави д-р Фадил Цана – директор на Клиниката за инфективни болести.

Уште двајца други пациенти се во критична состојба и на респиратор, а неколкумина на кислородна поддршка.

Хоспитализирани се 25 пациенти, повеќето повозрасни.

„Тие се хоспитализирани затоа што кај нив при преглед е констатирано дека имаат компликација на вирусот на грип пред сè со респираторно засегање“, изјави д-р Цана.

Во првата недела од годинава, институтот за јавно здравје бележи 1.725 случаи со грип

Back to top button
Close