Гризман: Мечот со Португалија ќе биде како финале

Напаѓачот на Франција, Антоан Гризман го сподели своето мислење за претстојниот натпревар против Португалија на ЕВРО 2020.

– Ќе биде како финале, но вреди да се третира претстојната игра на ист начин како и на двата претходни натпревари. Ние знаеме дека за да се квалификуваме во групата, треба да постигнеме резултати. Најдоброто нешто е да се победи. Очекувам да биде тешко, но мислам дека сме подготвени. Треба да влеземе подлабоко во тактичката анализа за да разбереме како можеме да му донесеме повеќе проблеми на противникот. Стадионот повторно ќе биде полн и јас сум многу среќен што играм во такво опкружување, рече Гризман на официјалната веб-страница на УЕФА.

Натпреварот Португалија – Франција ќе се одигра вечер од 21 часот во Будимшета

Back to top button
Close