Гризман може да го пропушти остатокот од сезоната

 Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман се повреди вчеравечер на натпреварот од 36. коло од лигата против Ваљадолид (1:0), објавија тамошните медиуми.

Дваесет и деветгодишниот француски фудбалер го повреди бутниот мускул и се соочува со пропуштање на двете преостанати средби во првенството на Шпанија.

Во тековната сезона, Гризман одигра 46 натпревари за Каталонците, постигна 15 голови и направи четири асистенции.

Back to top button
Close