Грковска – Брнз: Дигиталната трансформација на општеството клучен елемент во процесот на креирање ефикасни антикорупциски политики

 

Дигиталната трансформација на општеството, креирањето на ефикасни антикорупциски политики, како и за потребата од стандардизација и оптимизација на процесите биле тема на денешната средба на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска со амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз.

Како што соопштија од владината прес-служба, упатувајќи искрена благодарност за континуираната и цврста поддршка од страна на САД за остварување на евроатланските цели на нашата држава, вицепремиерката Грковска ја информираше амбасадорката Брнз за процесот на подготовка на повеќе антикорупциски политики кои се координираат со повеќе институции. Истовремено, на состанокот вицепремиерката нагласи дека е многу важно да се изготват решенија кои ќе бидат долгорочни и одржливи и ќе обезбедат стандардизирани процеси во иднина.
Амбасадорката Брнз, се посочува, нагласи дека дигитализацијата е неизбежна за секое општество и токму затоа колку побрзо ја реализираме таа трансформација на општеството, паралелно со градење на вештини кај граѓаните, толку побрзо ќе изградиме ефикасни, отчетни и одговорни институции. Таа додаде дека е многу важно, при процесот на дигитализација на институциите и јавните услуги, да се има координиран пристап.
-Да се има план за процесот на дигитализација кој ќе биде координиран и ќе ги обедини процесите во сите министерства, зошто поединечниот пристап не носи резултати, рече амбасадорката Брнз.
Соговорничките се согласија дека дигиталната трансформација на општеството е клучен елемент во процесот на креирање ефикасни политики против корупцијата, се наведува во соопштението

Back to top button
Close