Грковска за „кошарката“ кај Груби: Функционерите треба да внимаваат каков впечаток оставаат

Тоа не беше добро прифатено од јавноста. Не сметам дека е начин на кој што функционерите треба да се однесуваат, вели вицепремиерката за борба против корупцијата, Славица Грковска за играњето фудбал и кошарка во министерскиот кабинет на Артан Груби во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Според неа, функционерите треба да бидат внимателни.

-Треба да се има повеќе сензибилитет за тоа како функционерите треба да се однесуваат и каков впечаток оставаат пред граѓаните, рече утрово Грковска.

Back to top button
Close