Гром удри директно на граничниот премин „Евзони“ – туристите заглавени

Граничниот премин „Евзони“ на македонско-грчката граница се соочува со сериозни технички проблеми по удар од гром, кој предизвика прекин на електричната енергија и го наруши работењето на клучните системи.

Според последните информации објавени на српските медиуми, агрегатите во моментов не успеваат да обезбедат доволно енергија за непречено функционирање на сите уреди и услуги на преминот

Дополнителни тешкотии се појавија поради проблеми со интернет-врската, па дури и во областите каде што снабдувањето со електрична енергија е стабилизирано, системите не работат со полн капацитет.

Поради комбинација од прекини на електричната енергија и прекини во комуникациските мрежи, имаше сериозни застои и отежнато функционирање на преминот, што предизвика целосен колапс на работата на граничните служби.

Граѓаните кои треба да го преминат овој граничен премин вечерва велат дека се загрижени за целата ситуација бидејќи не знаат што ги чека.

Постојат многубројни сведоштва од патници дека вечерва има сериозен застој или прекин на работата на Евзони и дека дел од возилата се пренасочуваат кон Дојран, но сѐ уште нема официјална потврда дека причината е удар од гром и дефект на електричната и интернет-мрежата.

Back to top button
Close