Гроси: Нуклеарните капацитети на Иран не беа погодени во израелските напади

 Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси синоќа соопшти дека иранските нуклеарни постројки не биле погодени во последните израелски напади врз Иран.

Тој во објава на мрежата Икс истакна дека агентите на МААЕ се безбедни и дека продолжуваат со својата работа на терен, пренесува АНСА.

„Повикувам на претпазливост и умереност во активностите кои можат да ја загрозат нуклеарната безбедност и безбедноста на другите радиоактивни материи“, додаде Гроси.

Израелската армија завчера го нападна Иран, а за време на нападот, кој траеше пет часа, гаѓани беа 20 цели во таа земја, а загинаа четворица војници.

Серија експлозии се слушнале во околината на Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1 октомври.

Back to top button
Close