Related Articles
Го задавил оти жртвата сакала да го раскинат договорот за доживотно издржување. Камерите во куќата во Охрид го снимиле убиството
28.03.2026 17:14
Можеби ќе ве интересира
Close

СВР Охрид информира дека поднеле кривична пријава против Жарко Грозданоски од тетовското село Брвеница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство” по член 123 од Кривичниот законик.
-Тој, на 25.03.2026 година околу 18.30 часот, во домот на К.М.(76) од Охрид, предизвикал вербална расправија по што, искористувајќи згодна прилика, физички го нападнал, а потоа со раце предизвикал негово задушување. СВР Охрид, по преземени мерки и координација со МВР и јавниот обвинител, вчера (27.03.2026) распиша централна потерница по што, во 17.20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, го пронајдоа сторителот и го лишија од слобода – велат од СВР Охрид.