Грозданов: Асоцијацијата на пластични хирурзи од САД ќе се вклучи во лекување на повредените деца од Кочани

Докторот Владко Грозданов, предложен од ВМРО – ДПМНЕ како надпартиски кандидат за градоначалник на Општина Кочани, денеска најави партнерство со Асоцијацијата на пластични хирурзи од САД за две клучни цели – обезбедување највисоко ниво на грижа за повредените во тргедијата од март годинава и поддршка во модернизацијата на болницата во Кочани, според најсовремени медицински и европски стандарди.

Грозданов информира дека вчера остварил контакт со тим од американски доктори, нови и негови претходни познаници. Во разговор со него, тие понудиле безрезервна подршка и помош за Кочани во неколку области.

 

По одењето во САД веднаш ќе ја активираат целата Асоцијација на пластични хирурзи. Имаме договорена посета на американските доктори на болницата во Кочани, при што ќе се направат прегледи на децата, ќе се направи евалуација на досегашната сосотојба, мониторирање на лузните, ќе се одредат соодветни терапи и третмани, соопшти Грозданов, додавајќи дека докторите од САД се понудиле да извршат целосен увид во структурата на кочанската болица, да ги прегледаат сите оделенија и болничката инфраструктура, снабденоста со опрема. Се понудиле и да извршат максимална стандардизација на кочанската болница по европски модус

Back to top button
Close