Грозданов: Разобличени се вистинските намери на активистите, демаскирањето ќе продолжи

Во последната колумна „Наука vs манипулации“ металуршкиот инженер и аналитичар Виктор Грозданов истакна дека во Македонија постојат лица кои преку фингиран граѓански активизам всушност одработуваат за одредени центри на моќ чија цел е држење на општеството во една „статус кво“ ситуација.. Грозданов состојбата ја протолкува со фразата „Формално сме НАТО, официјално сме за ЕУ ама душите и срцата ни се со Русија“. Според него, во последниот период во Македонија „врескањето на самопрогласени активисти во повеќе сфери е добро утро“. Една од тие сфери, како што додава аналитичарот, е екологијата со „непотребна глорификација на овој израз или поточно минимизирање на значењето на поимот заштита на животната средина“.

-Еве да им поставам две прашања на еко активистиве во рамки на рударството, посебно дел за екстракција на злато како најскапоцен метал и употреба на дехидрирана јаловина. Драги еко активисти, за мене дилетанти, како ќе ја коментирате општата проценка на ризик со следниве сценарија: сува јаловина без одмивање за да се вратат реагенсите (со содржина на раствор од лужење од 8-15%); сува јаловина без одмивање за да се вратат реагенсите (со содржина на раствор од лужење од 1.6-3%)? Еве да им помогнам. Одмивањето на јаловината го намалува ризикот од миграција бидејќи ќе ги отстрани потенцијалните подвижни метали. Покрај тоа, процесите од природното слабеење како што се апсорпција, пуферскиот капацитет и разредувањата ќе ги намалат влијанијата, пишува Грозданов.

Тој додава дека во 2024 година демаскирањето на оние кои го протежираат процесот на комплетно осиромашување на нашата држава ќе продолжи.

– Нивните закани, омаловажувања и навреди кон нас не функционираат. Сакам да го искоментирам и последниот напад од Ангел Наков кон Бранко Героски. Не дека Героски не знае самиот да се одбрани, туку затоа што јас не можам да се воздржам. Под профилот „Спас за Гевгелија“ Ангел Наков забележува дека зад рударството застанале непознати експерти, периферни личности, алкохоличари и неколку новинари кои за себе имале мислење дека се авангарда на македонското новинарство. За потсетување во минатата колумна напишав дека во една емисија на една ТВ нѐ нарекоа и наркомани. Еве едно прашање до Наков, согласно неговите критериуми, како се нарекува пропаднат бизнисмен кој со сета поддршка од институциите успеа да ја уништи идејата Кожуф да стане регионален ски центар? Оваа нервоза и плачки се последица на следното. До пред некое време си тропаа „зелени“ без некој да им реагира. Своите манипулации и паники ги продаваа како апсолутна вистина. Одеднаш се чувствуваат загрозено. Не можат да водат стручна дебата бидејќи се „боси“. Затоа се служат со навреди и приземен речник. Ветиле дека ќе испорачаат, сѐ наплатиле ама не предвиделе дека може и некој да ги разобличи нивните вистински намери, истакна аналитичарот.

Грозданов порачува стратегијата да не биде насочена кон лажните еко активисти, туку кон други скриени играчи кои имаат влијание врз политичарите и им испратиле во нивното блиско опкружување, како што вели, филозофи-озборувачи (познати како полтрони).

 

Back to top button
Close