Груби: Амбасадорот на Словачка играше фудбал, градоначалникот на Тирана даде гол со пета

Ако толку длабоко задира во вашите чувства, ако толку задира во чувствата на кој било што е трогнат од таа сликана, навистина ви се извинувам затоа што сме играле фудбал или баскет. Јас сум, како што знаете, спортски тип и согласно реорганизацијата на органите на државната управа Агенцијата за млади и спорт треба да стане дел од Министерството за политички систем, изјави денеска вицепремиерот Артан Груби одговарајќи на новинарско прашање, дали е во ред да се закачи кош до уметничка слика и да се има таков однос кон она што е сопственост на сите граѓани.

Груби вчера беше во центарот на вниманието откако на својот фејсбук-профил објави фотографии на кои тој и неговите сопартијци од ДУИ играат кошарка и фудбал во неговиот кабинет во Министерството за политички систем. Дел од „дрим-тимот“ на Груби беа актуелните министри Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Јетон Шаќири, како и нивниот доскорешен колега Насер Нуредини.

„Многу ми е интересно затоа што нема амбасадор што не е дојден во мојата канцеларија и нема шутирано фудбал и од тоа се објавени слики. Пред некој ден, на пример, Словакот беше последниот што шутираше и вие објавивте, во порталите беше. Тоа не беше скандал, ова денеска е скандал. Ова е таа хистерија за која зборувам, за двојните стандарди, за селективни правди, за измислување теми само за да се дефокусира со нешто. Значи, дојде градоначалникот на Тирана, дури со пета даде гол“ им укажа денеска Груби на новинарите.

На прашањето дали тој како највисок играл центар, вицепремиерот рече:

„Јас дриблам”

извор: 360Степени

Back to top button
Close