Груби ангажирал адвокат, наводно ќе се врател во Македонија ако притворот се заменел со куќен притвор?
Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби според објави на повеќе медиуми веќе ангажирал адвокат кој ќе го застапува во предметот за кој е обвинет, а поврзано со проневера од над 8,2 милиони евра во Државната лотарија.
Адвокатот Владимир Доневски наводно уште вчера вечерта бил во јавното обвинителство и предложил Артан Груби да се врати во земјава доколку биде побарана поблага мерка за негово обезбедување, односно мерка куќен притвор, наместо притвор. За сите овие пишувања од медиумите до моментов нема официјална потврда.
Инаку адвокатот Доневски е поранешен адвокат на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски