Груби и Беџети – Обвинителството ќе ја испитува нивната работа за ,,Таргет”

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски ја информираше јавноста дека ОЈО ќе оформи предмет по допрен глас за Артан Груби, екс-вицепремиер и министер, како и за апелациониот судија Енвер Беџети.

Свеста за случајот се крена откако САД ги стави Груби и Беџети на нивната црна листа поради обвинувања за мито во предметот за прислушкување ,,Таргет”. На црната листа се најде и Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК.

Предметот е предаден во рацете на надлежното обвинителство кое ќе издаде соодветни наредби по разгледување на случајот.

„Со оглед на сериозноста на наводите поради кои наведените лица беа назначени на листата, ги искористив своите овластувања и уште вчера оформив предмет со цел да се обидеме да обезбедиме докази со кои ќе ја провериме евентуалната кривична одговорност на лицата кои се доведуваат во врска со дејства на поткуп и трговија со влијание“, се обрати Коцевски кон новинарите. Тој исто така ја пофали одличната соработка меѓу нашите институции и САД, особено Амбасадата на САД.

Back to top button
Close