Груби и Османи им порачаа на „огнените“: Ахмети не избра нас


Првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши и други функционери од редовите на ДУИ синоќа беа во штабот “Дижон1“ од каде Груби побара од сопартијците од Огнената група да ги остават да работат, дури и нека критикуваат за несработеното, но нека не измислуваат, објави ТВ21.

„Ништо не бараме, само оставете не да работиме, да ја вршиме нашата работа за тоа што вие тоа го барате од нас. Вие сте тие кои ни го дадовте мандатот, кои што гласавте за ДУИ, за Али Ахмети и Али Ахмети ја делегираше својата волја кај Бујар, кај мене, Крешник и сите други за да работат. Доколку не работиме, кажете ни! Не сте го сработиле овој или оној проект, но не измислувајте, кажете ја вистината, бидејќи и Господ ќе не казни ако измислуваме“, рече Груби.

Back to top button
Close