Груби: Имав долг телефонски разговор со Заев

Вицепремиерот Артан Груби потврди дека имал долг разговор со премиерот Зоран Заев, кој го информирал за средбата што ја имал пред неколку дена со претседавачот на Алтернативата, Африм Гаши. Груби рече дека заеднички став со Заев е дека сите партии кои се залагаат за евроинтеграциите треба да станат дел од парламентарното мнозинство.

„Вчера имав долг разговор со Заев и денеска ќе имаме средба за новото мнозинство. Нѐ информираше за средбата со Африм Гаши. Сите партии кои се проевропски треба да станат дел од парламентарното мнозинство. Мораме да го решиме и прашањето со Бугарија и да започнеме преговори за членство во ЕУ“, рече Груби, додавајќи дека не се очекува да има драматичен развој и дека не треба да се дозволи да се загрози европската иднина на земјата.

Back to top button
Close