Груби: Мицкоски бара амнестија само за неговиот бизнис партнер Димитар Димовски и криминалите во ЕВН!

Вице-премиерот Артан Груби жестоко реагираше на вчерашната седница на собраниски прашања откако два дена го ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваше за криминал.

Груби од собраниската говорница открива дека Мицкоски не побарал амнестија за ниту еден од поранешните министри и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак за осудените за 27 април туку барал амнестија само за неговите бизнис партнери и оние кои се вмешани во неговите криминали во ЕВН.

-Од сите што скапуваат по затвори, на Мицковски му е гајле само на еден човек, а тоа е неговиот бизнис партнер Димитар Димовски кој е вмешан во разни криминали со плацеви со ЕВН и останати криминали, упорно за него бара амнестија, за сите други ич не му е гајле нити за овие од 27-ми април нити за оние поранешни министри на ВМРО ДПМНЕ, и тоа треба да го знаат сите ВМРОВЦИ за да не ги лаже нивните семејства дека нешто многу се секирал за нив и се обидувал да им помогне, вели Груби.

Back to top button
Close