Груби не одговори дали ќе има промени во именувањето министри од редовите на ДУИ

Вицепремиерот Артан Груби им се заблагодари на сопартијците кои го поддржаа да биде член на Претседателството на ДУИ.

„Видовте дека имаше извонредна атмосфера на Генералниот совет на ДУИ, која како партија е единствена во државата и во регионот што директно ја пренесуваше седницата на Генералниот совет. Сакам да им честитам на сите членови на Генералниот совет и на новите членови на Претседателството и особено им благодарам за поддршката за првпат да бидам избран за член на Претседателството бидејќи до сега автоматски учествував во работите на раководството на партијата како шеф на кабинетот на претседателот Ахмети“ рече Груби.

Вицепремиерот Груби одби да одговори дали ќе има промени во именувањето на министрите од редовите на ДУИ.

Back to top button
Close