Груби оствари средба со Сали Мурати и му се заблагодари за соработката

– Првиот Вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска оствари работна средба досегашниот претседател на Уставниот Суд, Сали Мурати.

На оваа средба, како што соопштија од неговиот Кабинет,  се дискутираше околу Уставниот Суд, владеењето на законот и реформите во правниот систем.

Груби и Мурати разговараа и околу правичната и соодветна застапеност на вработените во овој Суд, вклучувајќи ги и последните унапредувања што се направени почитувајќи го целиот процес кој е загарантиран со Закон и Устав.

На состанокот е проценето дека мандатот на Мурати е завршен со достоинство и успех, додека во овој период Владата обезбеди средства во буџетот за подобро функсионирање на оваа институција.

Уставниот Суд ја обезбедува функционалноста на институциите во земјата гарантирајќи ја заштитата на слободата и човековите права.

Back to top button
Close