Груби по бегство се врати во домашен притвор – полицаецот кој го „пропушти“ е избркан од работа
Артан Груби од синоќа е под полициска заштита во домашен притвор, по поминати 14 месеци во бегство.
Полицаецот кој го пропушти дента кога екс првиот вицепремиер замина од Македонија, на 15. декември2024. доби и отказ и условна затворска казна.
Полицаецот кој не го задржа Груби иако беше на стоп-листа е осуден на условна затворска казна од 2 години кои ќе се извршат доколку тој стори ново кривично дело во период од 5 години по правосилноста на пресудата.
МВР споменатиот полицаец го отпушти од работа, а вториот кој бил на смена тоа утро е прераспределен на пониска позиција.






