Груби: Поддржувам отстранување на купиштата железо во скопското Кале

Јас поддржувам отстранување на купиштата железо во скопското Кале, но ќе морам да проверам со кои институции тоа може да се реши, истакна првиот вицепремиер Артан Груби.

– Ќе проверам под чија надлежност се тие купишта на железо на Калето, дали под Министертвото за култура, Градот Скопје или Општина Чаир. Јас поддржувам отстранување на тие објекти од Калето, но ќе морам да проверам со кои институции тоа може да се реши. Јас не можам сега да го направам тоа, без разлика на позицијата, рече Груби одговарајќи на новинарско прашање на денешната дебата „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“.

Додека, националниот координатор за интеркултурност Роберт Алаѓозовски истакна дека Управата за заштита, Секторот за заштита при Министерството за култура и Градскиот конзерваторски центар се надлежните институции кои ќе можат прецизно да дадат одговори околу ова прашање.

– Во нивна надлежност е да се справат, бидејќи тоа е археолошки локалитет и постојат археолошки истражувања. Треба да се види статусот, односно легалноста и нелегалноста на тие интервенции. Управата треба да донесе свое решение, односно одлука дали е тоа е направено исправно, рече тој.

Back to top button
Close