Груби со понуда до ВМРО-ДПМНЕ: Да одиме во Собрание и прво да гласаме за уставни измени, а потоа за распуштање и предвремени избори

Еве понуда во живо до ВМРО-ДПМНЕ. Знам дека и премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе се сложат со ова да одиме на седница на Собрание со две точки на дневен ред. Првата точка да биде уставни измени, а втората да биде распуштање на Собранието и предвремени избори. Ова вечерва во гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 го рече првиот вицепремиер Артан Груби и понудата ја испрати до опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Бујрум, нека влезат, нека гласаат за уставни измени и одиме на избори. Еве ова нека биде компромис на средина. Нека се охрабрат, нека направат таква одлука и да видиме. Нека излезат на избори да видиме дали ќе победат, дали ќе владеат“,

рече Груби.
Според него уставните измени се најдоброто нешто што може да се случи за македонскиот народ.

„Вклучувањето на бугарската заедница, заедно со другите, во преамбулата на Уставот е заокружување на државноста на македонскиот народ. Со ова се решаваат сите отворени прашања кои ги имавме. Со Договорот од Преспа, Грција ни стана пријател, лобира за нас, со Охридскиот договор Албанците станаа лојални граѓани затоа што државата стана лојална кон нив, со Србија се реши прашањето за црквата. Со уставните измени македонскиот народ само ќе добие. Стопроцентно сум сигурен дека со ова македонскиот народ за прв пат конечно признаен од сите соседи си има своја држава, своја тапија која ја спореа сите одоколу“,рече Груби додавајќи дека ако државата е во статус кво, таа назадува и тоа не е добро.

Back to top button
Close