Груби: Со употребата на албанскиот јазик не загуби никој, а се добија многу полојални граѓани

Сведоци сте дека во Влада се зборува албански јазик, секој ден во Собранието се зборува албански, како и во канцеларијата на претседателот на државата, но најважно од сè е дека од употребата на албанскиот јазик, како придобивка од Охридскиот рамковен договор не изгуби никој, најмалку изгубија Македонците. Напротив, се добија многу полојални заедници, многу полојални граѓани затоа што колку е полојална државата кон граѓаните и заедниците, толку се полојални граѓаните и заедниците кон државата, нагласи денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

 

Back to top button
Close