Груби: Во срцето на Европа ја проектираме европската иднина на РСМ

Потпретседатеот на Владата на Република Северна Македонија Артан Груби од Брисел им честиташе на граѓаните за реализацијата на првата меѓувладина конференција на земјата со Европската унија, момент од кој, како што вели, започнува активната фаза на преговорите за интеграција.

Груби, како што соопшти неговиот кабинет, истакна дека ова достигнување е резултат на определбата на граѓаните, на искрената работа за да се надмине секој предизвик, за да се има хоризонт без никакви пречки кон интегративниот процес.

-Дојде денот кога сите напори за одржување на прозападната ориентација на земјата се крунисаа со успех, кога целиот наш конструктивен пристап да имаме хоризонт без никакви пречки кон крајната цел на интеграцијата стана реалност. Колку само предизвици имавме пред нас, се чинеше невозможно да се постигне целта, колку идеологии на дезориентација и страв од регресивните сили сакаа да не спречат да ја постигнеме оваа цел, но со решителност, со работа, со голема поддршка од цела Европа успеавме да седнеме на работната маса во срцето на Европа денес за да ја проектираме европската иднина, вели првиот вицепремиер Груби.

Ни претстои многу работа, голема одговорност да ги спроведеме следните процеси, додава тој, но, како што нагласува со зрелост и рационалност, како и досега, ќе успееме да ги надминеме сите предизвици

Back to top button
Close