Груевски е осуден на 6 години затвор, а Божиновски доби условна за „Белата палата“

Поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на казна затвор од 6 години, а поранешниот генерален секретар, Кирил Божиновски, доби условна казна од две години за случајот „Талир 2“.

-Виновни се затоа што обвинетиот Груевски, кој бил претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Божиновски, кој бил генерален секретар на партијата, незаконски прибавиле имот, односно објект, со вредност од 132 милиони денари, истакна судијката Даниела Алексовска- Стојановска.

Back to top button
Close