Груевски: Камчев му игра „пиперевка“ на обвинителството

И по денешното рочиште за случајот „Плацевите на Водно“, со фејсбук статус се јави бегалецот од Будимпешта, односно екс премиерот Никола Груевски. Тој реагира на одлуката на судот да не ги прифати како доказ снимките од телефонски разговор кој самиот ги снимал, а воден со бизнисменот Орце Камчев.

-За прв пат после една година судење и претходна истрага, денес обвинителката Лиле Стефанова застана во одбрана на Јордан (Орце) Камчев во судницата, рамо до рамо, поточно дури и пред неговите адвокати, барајки да не се прифатат аудио снимки како доказ во судската постапка во кои снимки со разговори Камчев искрено раскажува се, од тоа дека јас немам никаква врска со земјиштето за кое ме теретат, до тоа чие е и кој го купил и кому го продал земјиштето, па и со какви притисоци се соочува тој лично но и неколку други лица (подоцна сведоци на обвинителството), кои Камчев ги именува во разговорот (Алек, Миле…) од кои уште тогаш со уцени и притисоци од обвинителството се барало лажно да сведочат против мене (се доби впечаток, ретко виден во судниците, обвинетиот и неговиот обвинител да застнат на иста страна), пишува Груевски.

Тој обвинува дека Камчев и обвинителката направиле каолиција против него.

-Денес се демонстрираше во судот една “Нова коалиција”, како ова да е политичка сцена а не суд, направена минатиот месец после неколку лични средби на Камчев со обвинителката во која е направена нова конструкција за завршување на предметот и по која Камчев комплетно ги смени своите позиции од претходните, кога бранејќи ја вистината на секое рочиште на судот беше во силен емотивен вербален конфликт со обвинителката, според присутните и медиумите често на граница на пристојно однесување, па во неколку наврати судијата мораше да интервенира со “гаснење” на зовриените страсти. Типично за човек кој носи силно чуство на неправедно обвинет, вели Груевски.

Тој обвинува дека од овие преговори резултат е преквалификација на обвинението на Ратка Камчева-мајка на Орце Камчев која исто така беше обвинета во предметот.

-Преквалификацијата е направена на начин што обвинението и е заменето со друга квалификација, која од сега запретената казна од 1 до 10 години затвор, предвидува од 1 до 3 години затвор, што според Законот значи дека делото застарува за 6 години, односно минатата 2021 година е застарено, така што кога ќе се чита пресудата ова ќе биде соопштено, односно дека завршил периодот кога оваа обвинета може да се гони.

Ратка Камчева во овој предмет, како и сите останати обвинети немаат никаква вина, и таа беше ставена само со една цел – да се врши поголем притисок на нејзиниот син Орце Камчев со цел тој да стане соработник на обвинителството/власта спасувајќи ја мајка си, и целосно или делумно и себе си, односно да дава лажни изјави какви што ним им одговара.
Конечно, на крајот на процесот обвинителството ја исполни таа цел, пишува Груевски.

Тој додава дека во следниот период ќе биде познато за што се Камчев ја трампал лажната изјава против него, односно како што вели, што се му ветило обвинителството за да им „игра пиперевка“, заклучува Груевски.

Back to top button
Close