Груевски: Камчев жртвуваше три стана, а Алек два стана и земјиште, за да си ја купат слободата и ме наместат 

Пред утрешната објава на пресудата за случајот “Плацеви на Водно”, екс премиерот Никола Груевски, се јави со нов статус од Бидимпешта, за кој најавува дека му е најверојатно последен на оваа тема.

Тој дава свое видување за сите сведоци кои се појавија во судница, додавајќи дека прави резиме на сите факти, лаги, нелогичности, игри, местенки…

-Судиите знаат да судат според докази, а не по претпоставки, но ако имаат дозвола од власта или ако се охрабрат да и се спротистават, пишува Груевски.

Во долгото обраќање, Груевски му посветува и дел на бизнисменот Орце Камчев и на сведокот Александар Ивановски.

-Идејата на овој договор во последен момент е и покрај промената на изјавата на Јордан Камчев насочена против мене, истиот да жртвува три негови и на неговиот зет стана на Водно, како што Александар Ивановски својата слобода одлучи да ја купи со два помали стана и едно земјиште од 2.700мкв. Се заедно тоа да се заплени и да се прикаже како запленет мој имот, поточно како имот кој требало да ми припадне, а со цел од истото владејачката партија да прави политичка пропаганда, вели Груевски.

Тој додава дека македонското судство е пред нов испит и предизвик.

-Тој не би постоел ако власта ги остави судиите да судат според доказите или ако се охрабрат да и се спротистават, бидејки тие знаат што се докази а што не. Дали ќе ги остави, или дали ќе се охрабрат да се спротистават ќе се види скоро, вели бегалецот од Будимпешта.

Back to top button
Close