Груевски тајно го снимал Камчев  

На минатото рочиште адвокатот на Никола Груевски побара да се објават две аудио снимки со транскрипт и вешт наод и мислење. Содржината на тој материјал го слушна и јавноста. Овие докази се обезбедени незаконски од страна на Никола Груевски, рече на денешното рочиште за аферата „Плацеви на Водно” јавната обвинителка Лиле Стефанова.

– Ако судот дозволи да се објават снимките на Груевски, тогаш предлагам да се објави и снимката каде Груевски вели дека нашол плацеви за “џабалак”- рече обвинителката.

Адвокатот на обвинетиот Никола Груевски потврди дека неговиот клиент ги направил снимките, без посебна машина и на начин за кој не треба дозвола.

Барањето на адвокатот на Груевски од страна на судот беше одбиено.

На јутјуб-каналот „The truth above all“ завчера беа објавени разговори меѓу поранешниот премиер Никола Груевски и бизнисменот Орце Камчев, чија автентичност вчера ја потврди и Груевски.

Станува збор за две снимки, во кои двајцата соговорници разговараат за судскиот случај „Плацеви на Водно“, во кој Груевски е првообвинет дека со партиски пари стекнал плацеви на Водно.

Извор: слободен печат

Back to top button
Close