Групна тепачка во кумановски „Гарнизон“, приведени пет лица
Кумановската полиција приведе пет лица на возраст од 19 до 32 години заради тепачка во угостителски обејкт во кумановски „Гарнизон“, соопшти денеска СВР Куманово.
-Денеска во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.А. (26), Х.Р. (21), З.Е. (22), А.Р. (32) и Ш.Ш. (19) сите од Куманово, затоа што во угостителски објект на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово физички нападнале неколку лица и оштетиле инвентар во објектот, соопшти полицијата.
Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави