Гус Хидинк ја презеде репрезентацијата на Курасао

– Гус Хидинк е нов тренер на националниот тим на карибскиот остров Курасао.

– Тешко беше да се каже „не“ на таков предлог, рече 73-годишниот холандски стручњак.

Хидинк е поранешен тренер на Холандија, Република Кореја, Русија, ПСВ Ајндховен, Челси и други.

Неговиот договор со Курасао е за квалификациите за Светскиот куп во 2022 година и ќе стапи на сила во септември.

Курасао игра во квалификациите за зоната КОНКАКАФ, кои започнуваат во октомври.

Back to top button
Close