Гутереш: Ако не ја одбраниме Украина ќе следи хаос низ целиот свет
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска предупреди дека неуспехот да се постигне праведен мир што го почитува територијалниот интегритет на Украина би можел да го поткопа меѓународното право и да предизвика хаос низ целиот свет.
-Во време како ова, исклучително е важно меѓународното право да надвладее, рече Гутереш на конференцијата во Берлин за мировните мисии на ОН, додавајќи: „Во спротивно, отвораме врата кон хаос низ целата планета“.
Британските медиуми пренесуваат дека германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека нема индикации дека рускиот претседател Владимир Путин сериозно размислува за прекин на огнот