Гутереш го осуди мешањето на странски сили во Либија

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди дека мешањето на странски сили во Либија достигна „невидени размери“ и ги повика главните актери и нивните приврзаници да постигнат договор во врска со прекинот на огнот и мировните преговори.

На виртуелен состанок на Советот за безбедност на ОН, Гутереш истакна дека мисијата на ОН во Либија е да преземе мерки со цел да спречи ескалација на конфликти, вклучително и формирање на можна зона без армијата, оценувајќи ја актуелната состојба како мрачна.

Гутереш истакна дека во периодот од 1 април и 30 јуни, во Либија загинаа најмалку 120 цивили, а 254 се ранети, што е за 172 проценти повеќе отколку во првиот квартал од годината.

Состанокот на Советот за безбедност на ОН се одржа шест месеци откако лидерите на 11 светски сили и други засегнати страни во долгата војна во Либија се согласија на конференција во Берлин дека ќе го почитуваат ембаргото на оружјето на ОН, што го прекршле многу пати и дека ќе ја прекинат воената поддршка на завојуваните страни и од нив ќе побараат прекин на огнот.

На виртуелниот состанок на Советот за безбедност на ОН одржа говор и Жосеп Борел, високиот претставник на Европска унија за надворешна политика и безбедност.

Борел истакна дека сите присутни на конференцијата во Берлин ветија дека ќе придонесат за смирување на ситуацијата во Либија и дека сега е време своите зборови да ги спроведат со дела, потенцирајќи дека поддршката за завојуваните страни во Либија мора да престане. ки/

Back to top button
Close