Гутереш го осуди смртоносниот израелски напад во близина на Рафа

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги осуди смртоносните воздушни напади на Израел во близина на Рафа во Појасот Газа.

– Ги осудувам акциите на Израел во кои загинаа голем број невини цивили кои само бараа засолниште од овој смртоносен конфликт, напиша Гутереш на Х.

– Нема безбедно место во Газа. Овој ужас мора да престане, нагласи тој.

Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска ќе одржи итен состанок по смртоносниот воздушен напад на Израел во близина на Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Итниот состанок беше побаран од Алжир, а поддржан од Словенија, соопштија дипломати, пренесува ДПА.

Здравствените власти на Хамас во Газа соопштија дека 45 лица загинале, а десетици се повредени во воздушниот напад во неделата во кој беа погодени шатори во кои се сместени раселените луѓе.

Повеќето од жртвите на воздушниот напад се жени и деца, соопштија здравствените власти, опишувајќи го инцидентот како „масакр

Back to top button
Close