Гутереш: Вакцината против коронавирус ќе биде светско јавно добро

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш денеска, на отворањето на меѓународниот самит за собирање средства за вакцинација, изјави дека идната вакцина против новиот коронавирус мора да се смета за „светско јавно добро“ што мора да им биде достапно на сите, на отворањето на меѓународниот самит за собирање средства за вакцинација.

Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) се надева дека на оваа виртуелна средба, која обединува повеќе од 50 земји и повеќе од 35 шефови на држави и влади, ќе собере 7,4 милијарди американски долари за продолжување на кампањите за вакцинирање против рубеола, детска парализа и тифус, кои во голема мерка се прекинати поради пандемијата на Ковид-19.

На состанокот треба бидат упатени и повици за собирање средства за набавка и производство на идна вакцина против Ковид-19, како и да се поддржи нејзината дистрибуција во земјите во развој.

Кога станува збор за вакцината против Ковид-19, целта на Алијансата е да собере две милијарди американски долари.

Вакцината против Ковид-19 мора да се смета за светско јавно добро, вакцина за сите луѓе, рече генералниот секретар на ООН во видео обраќањето на отворањето на самитот, истакнувајќи дека многу светски лидери упатиле апел во таа смисла.

Тој предупреди дека многу кампањи за вакцинација се прекинати поради пандемијата на коронавирус.

Гутереш рече дека 20 милиони деца не се целосно вакцинирани, а едно од пет не е воопшто.

Ајде да најдеме сигурни средства за да продолжиме со вакцинациите и покрај пандемијата. И кога вакцината против Ковид-19 ќе биде достапна, да се погрижиме да ја направиме достапна за сите, истакна Гутереш.

Back to top button
Close