Гутереш во вторник ќе се сретне со Путин СВЕТ

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во вторник ќе ја посети Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Ова ќе биде првпат Гутереш да се сретне лице в лице со Путин од почетокот на инвазијата на Украина кон крајот на февруари, пренесува Скај Њуз.

Тој ќе има работна средба и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Портпаролот рече дека Гутереш се надева дека ќе разговара за тоа што може итно да се направи за да се донесе мир во Украина, бидејќи војната со Русија продолжува веќе осма недела.

Исто така, постои можност Гутереш да се сретне со претседателот Володимир Зеленски во Украина во наредните денови, посочи портпаролот.

 

 

 

Back to top button
Close