Гужва на Богородица, за влез во Грција се чека околу 40 минути
Продолжениот викенд повторно ги насочи македонските граѓани кон Грција, поради што утрово е зголемен сообраќајот на граничниот премин Богородица.

Возачите се соочуваат со задржувања од околу 40 минути за преминување на границата.
Според информациите од Автомото сојузот на Македонија, на Богородица е забележана зголемена фреквенција на возила, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги чекања при влез и излез од државата.
На возачите им се препорачува да планираат дополнително време за патување и да ги следат информациите за состојбата на граничните премини.






