Гвардиола: Се срамам. Белците мора да се извинат за начинот на кој се однесуваа со црнците 400 години

 Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола, по триумфот над Арсенал во 28-то коло од шампионатот на Англија (3-0), изрази поддршка за движењето „Црните животи се важни“.

– Белците треба да се извинат за тоа како се однесуваа со црнците 400 години. Се срамам. Мораме да испратиме милиони пораки до црнците. Мене ми е срамам од тоа што го направиле белите луѓе. Како луѓето можат да мислат дека се различни? Сите гестови се добри и позитивни. Сè што можеме да сториме е да ја подигнеме свеста, дека таквото однесување е неприфатливо. Мораме да направиме многу работи кои досега не сме ги сториле за луѓето со темна боја на кожата, изјави Гвардиола.

Back to top button
Close