Гвардиола ќе ја искористи можноста за пет замени на секој натпревар

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека ќе ја искористи можноста да направи пет замени по натпревар до крајот на сезоната на секој од преостанатите натпревари на „граѓаните“ за да ги заштити своите играчи од повреда.

Денеска шампионите ќе го пречекаат Арсенал на еден од првите натпревари од повторното започнување на сезоната во Премиер лигата по пауза од повеќе од три месеци поради пандемијата од КОВИД-19.

– Ќе ги искористам сите пет замени. Не знам колку минути ќе добие секоја од клупата, но тие сигурно ќе играат затоа што тоа е единствениот начин да ги заштитиме играчите во наредните два и пол месеци. Кога ќе стигнеме до завршните фази од Лигата на шампионите, единствениот начин да се избегнат повредите е да се ротираат сите играчи. Ќе биде прилично чудно на почетокот. Чудно беше додека трениравме и минувавме низ различните фази на ограничувања. Кога нема луѓе на стадионот, можете да се слушнете едни со други. И обично за време на еден натпревар никој не слуша никој. Тоа ќе биде чудно, но мислам дека по два или три натпревари ќе се навикнеме на тоа, изјави Гвардиола за „Скај Спортс“.

Back to top button
Close