Гвардиола: Ливерпул одигра неверојатна сезона, иако не го собори нашиот рекорд во освоени бодови
Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола смета дека Ливерпул одигра неверојатна сезона и покрај тоа што не го собори рекордот на неговиот тим по број на освоени бодови во Премиер лигата.
Во сезоната 2017/18 година, Сити освои 100 поени, поставувајќи рекорд во лигата. По поразот од Арсенал во претходното коло, Ливерпул ќе може да дојде до максимум 99 поени за сезоната 2019/20.
– Ова не го негира фактот дека Ливерпул имаше неверојатна сезона. Не е важно колку бода освои тимот на Клоп, 99, 102 или 107 поени, сезоната сепак испадна за нив неверојатна. Уште еднаш, честитки до „црвените“. Отсекогаш верував дека се рекордите се поставени со цел да бидат срушени, порано или подоцна и нашиот ќе падне, но да се добијат 100 поени по сезона не е лесно. Бевме многу добри пред две години и успеавме да го сториме тоа, а минатата сезона игравме многу добро, освојувајќи 98 поени. Ливерпул имаше 97 поени пред една година, сега може да стигне до 99. Ова покажува колку бевме добри во сезоната 2017/18, што дури и хитот на сезоната Ливерпул не можеше да го собори нашето достигнување, изјави Гвардиола.