Гвардиола призна: Гарсија сака да игра во друг клуб

Манчестер, 6 август 2020 (МИА) – Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна дека еден од младите играчи кој остварил најголем напредок во последната кампања – Ерик Гарсија, одбил да потпише нов договор со клубот. 19-годишниот централен дефанзивец, кој ја заврши кампањата како партнер на Ајмерик Лапорт, има едногодишен договор со „граѓаните“, а Барселона покажува сериозен интерес за него.

Изјавата на Гвардиола е многу слична на неговите зборови за Лерој Сане пред трансферот на германското крило во Баерн (Минхен).

– Тој ни рече дека не сака да го продолжи договорот со Сити. Ние сакавме да го сториме тоа, но тој не. Претпоставуваме дека сака да игра на друго место, рече Гвардиола на денешната конференција за новинари.

Ерик Гарсија беше привлечен од школата на Барселона во 2017 година. На 18 декември 2018 година го направи своето деби за првиот тим на „граѓаните“, а оваа сезона забележа 19 натпревари за селекцијата на Гвардиола.

Back to top button
Close