Гвардиола против прекините за вода

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола коментираше дека не треба да се дозволуваат прекини за вода следната сезона. Тие беа воведени поради недостаток на подготовка по присилната пауза, компримираниот циклус и потешките состојби во текот на летните месеци.

– Мислам дека го сторивме тоа заради недостаток на подготовка на сите екипи. Имавме само три недели пред почетокот, најверојатно заради временските услови. Тренерите ги користат за да разговараат со играчите, се разбира, изјави Шпанецот.

Сепак, неговиот колега Јирген Клоп не се согласи: „Тоа е многу добра идеја. Спортистите на „Тур де Франс“ користат пијалоци кога треба, не само кога е сончево. Ми се допаѓа тоа од гледна точка на навивачите. Мислам дека тоа нема да продолжи и следната сезона, но може да се случи. Паузите се за играчите, а не за тренерите“.

Гвардиола ја коментираше и можноста Манчестер Сити да биде домаќин на Реал Мадрид во Англија во повратниот натпревар од 1/16-финалето од Лигата на шампионите.

– Ние сакаме да играме во Манчестер, но ќе го прифатиме местото определено од УЕФА. Не сум барал такво нешто. Немам такво овластување – да вртам на УЕФА или ФИФА“.

Тренерот повторно ги објасни причините за големата разлика во бодовите помеѓу Сити и Ливерпул.

– Не бевме доследни. Не го исполнивме нашиот план. Во овој бизнис мора да победуваш. Кога ќе загубите девет натпревари, не можете да ја освоите Премиер лигата. Можеби пред многу години, но не сега. За да станете шампион, потребни ви се повеќе од 90 поени, рече Гвардиола.

Back to top button
Close