Гвидо Крозето: Ќе ги уапсиме Нетанјаху и Галант доколку дојдат во Италија
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето вечерва изјави дека ја смета погрешна одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налози за апсење на израелскиот премиер и министер за одбрана Бенјамин Нетанјаху и Јоав Галант, но рече дека, и покрај тоа, тие би биле уапсени доколку дојдат во Италија.
Според него, „Италија го почитува меѓународното право“.
„Мислам дека донесоа одлука со која израелскиот претседател и министерот за одбрана ги ставија на исто ниво со оние кои го организираа и водеа нападот што доведе до масакр и киднапирање на луѓе во Израел, поради што започна војната. Тоа се две сосема различни работи“, рече тој за време на гостувањето на телевизијата РАИ Уно.