Хјуит суспендиран две недели
Селекторот на австралиската Дејвис Куп репрезентација и поранешен светски рекет број еден, Лејтон Хјуит, денеска доби двонеделна суспензија поради инцидент што го предизвика за време на антидопинг контрола, најавувајќи оти ќе поднесе жалба.
Хјуит (44) е казнет и со 30.000 австралиски долари, откако во ноември 2024 година во Малага, по полуфиналето против Италија, наводно турнал 60-годишен волонтер задолжен за контрола на допинг.
Хјуит ги отфрли наводите, тврдејќи дека дејствувал во самоодбрана.
„Многу сум разочаран од одлуката, но и од целиот процес и недостатокот на информации што беа објавени. Ќе поднесам жалба до мојот правен тим и затоа нема да давам никакви понатамошни соопштенија за ова прашање“, рече Хјуит на прес-конференција.
Австралија последен пат триумфираше во Дејвис купот во 2003 година