Хјуман рајтс воч: Најмалку 8.000 луѓе биле убиени во руското освојување на Мариупол

Најмалку 8.000 луѓе се убиени во борби или поради воени причини во повеќемесечното руско освојување на Мариупол, една од најголемите битки во речиси двегодишната војна меѓу Русија и Украина, соопшти Хјуман рајтс воч.

Проценката на Хјуман рајтс воч, заснована на сателитски и други снимки на гробници, е една од „единствените независни проценки за бројот на загинати до денес“.

Украина соопшти дека се убиени десетици илјади луѓе, но оти не може да даде точен број без пристап до градот, кој сега е под руска контрола.

Обединетите нации, кои имаат набљудувачи права на теренот во Украина, досега имаат документирано повеќе од 10.000 цивилни жртви од почетокот на руската офанзива, но велат дека не можат да ги потврдат извештаите за висок број цивилни жртви во Мариупол поради ограничувања во пристапот.

Русија негира дека извршила злосторства или дека цел на нејзини напади во Украина се цивили.

Back to top button
Close