Хајди Клум бара да ги однесе децата во Германија
– Хајди Клум побара да ги однесе своите четири деца во Германија по итна постапка, откако нивниот татко, пејачот Сил не даде дозвола за тоа.
Германската супермоделка во барањето до судските инстанци наведува дека нејзиниот поранешен сопруг Хенри Семјуел – Сил не ѝ дозволува да ги земе децата во нејзината родна земја поради загриженост околу коронавирусот. Тие двајца имаат четири сина: Лени (16), Хенри (14), Јохан (13) и Лу (10).
„Јас сум добро запознаена со сите неопходни мерки на претпазливост поврзани со вирусот Ковид-19 и никогаш не би ги довела нашите деца во опасност. Ги презедов сите мерки на претпазливост за Германија на ист начин како што тоа го правам во САД“, напиша Клум во документот.
Хајди Клум и Сил беа во брак од 2005 до нивниот развод во 2014 година.