Хајди Клум отворено зборува за животот со АДХД: Тоа е мојата супермоќ

– Најпозната како редовна на светските модни писти и популарно име од телевизијата, Хајди Клум е позната и по тоа што секогаш е презафатена. Сепак, додека многумина би се поколебале под притисокот на комбинирањето на мајчинството, манекенството, водењето емисии и нејзините сега веќе култни забави за Ноќта на вештерките, Клум сега ја откри тајната на нејзината способност за тој „мултитаскинг“… Во ново интервју по повод 25-годишнината на списанието „Гламур Германија“ (Glamour Germany), германската ѕвезда отворено зборува за животот со синдромот на хиперактивност, нарушено внимание и неконцентрација – АДХД и како тој всушност ѝ го подобрил животот.

Прашана и замолена да сподели факт за себе што луѓето можеби не го знаат, Клум одговори:

– Имам форма на АДХД.

Инаку, АДХД е состојба во којашто мозокот работи поинаку отколку кај повеќето луѓе. Може да се манифестира на многу начини, но луѓето со него понекогаш можат да имаат тешкотии, на пр., со концентрацијата и мирното седење.

– Го гледам АДХД како позитивно нешто бидејќи ми овозможува да извршувам повеќе задачи истовремено. Тоа е мојата супермоќ. Можеби е инстинкт – или можеби само си замислувам. Многу сум хиперактивна поради мојот АДХД. Можам да правам илјада различни работи одеднаш. Работам на многу проекти одеднаш и секогаш преземам нови, рече таа.

Тоа ниво на активност е она што ја држи ѕвездата на „Проект писта“ зафатена, но како што и самата вели – тоа не е нешто што ја мачи.

– Јас сум работозависничка. Перфекционист во контролата. Бев многу фокусирана на емисиите што ги правев и се грижев сè што излегуваше од нив да изгледа добро. Го сакам тоа што го правам!, изјави таа за списанието „Пипл“ (People) пред неколку месеци.

Back to top button
Close