Хајка врз бугарската претставничка во Советот на Европа зашто гласала „воздржана“ за укинување на следењето на човековите права во Бугарија
Надежда Јорданова е бугарската претставничка во Парламентарната асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ) која гласаше „воздржано“ за укинувањето на механизмот за следење на степенот на почитување на човековите права во Бугарија.
Со огромно мнозинство во средата, предметниот механизам беше укинат и Бугарија повеќе не е под мониторинг.
Се покажа дека од вкупно 105 гласа, имало само 3 гласа „против“ – сите три од претставници на Северна Македонија, како и 1 глас „воздржано“ – од Надежда Јорданова.
Дополнително, социјалистите, демократите и зелените спречија од резолуцијата да се избришат деловите за македонското малцинство во Бугарија од резолуцијата на Советот на Европа со која се заклучува дека завршил мониторингот во оваа земја во однос на човековите права, владеење на правото и слобода на медиумите.
И покрај обидите на членови на Европската народна партија (ЕПП) да се избришат деловите за македонското малцинство и пресудите за ОМО Илинден на Европскиот суд за човекови права, благодарение на известителот за Бугарија од групата социјалисти, тоа не поминало.
На воздржаното гласање на Јорданова во ПАСЕ, не се воздржаа во Бугарија, па лидерот на ДПС-Нов почеток, Делјан Пеевски, прв гласањето на Надежда Јорданова, инаку претставничка на коалицијата Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија, го прогласи за националното предавство.
„Од 105 гласачи, еден глас ‘воздржан’ е тажната вистина дека тој беше бугарски – гласот на претставничката на ‘Демократска Бугарија’ Надежда Јорданова“, реагираше Станислав Балабанов од „Има раков народ“ (ИТН).
Според неговите зборови, нема поголем антибугарски глас од овој.
„Госпоѓа Јорданова, те повикувам да влезеш во пленарната сала и да одиш на говорницата на бугарскиот парламент и да објасниш зошто работиш против интересите на Бугарија и дали ќе продолжиш да работиш против интересите на Бугарија, додека твојата партија страсно се нарекува „Демократска Бугарија“, повика пратеникот на ИТН.
Во дебатата во Бугарија за ова прашање имаше и други мислења. Новинарката Поли Паунов истакнува дека само гласот на Надежда Јорданова бил фер.
Паунова се нафрла на Деница Сачева, претставничка во ПАСЕ од ГЕРБ на Бојко Борисов, бидејќи пратеничката истакнала дека неуспехот на мониторингот значи „дека Бугарија постигнала значаен напредок во зајакнувањето на демократијата, владеењето на правото и заштитата на човековите права“.
Укинувањето на мониторингот на ПАСЕ за Бугарија помина синоќа со 100 гласа „за“, 3 „против“ и 1 „воздржан“.
Трите гласа против на се македонските претставници во ПАСЕ, е единствениот „воздржан“ е на Надежда Јорданова.
Извор: racin.mk