Хајко Мас: Составот на авганистанската влада не предизвикува оптимизам

epa09430874 German Foreign Minister Heiko Maas speaks to reporters on developments in Afghanistan, in Berlin, Germany, August 26, 2021. EPA-EFE/ANNEGRET HILSE / POOL

 

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска изрази скептицизам во врска со составот на привремената влада формирана од талибанците во Авганистан.

Талибанците вчера го објавија составот на привремената влада која ќе се состои исклучиво од мажи, меѓу кои и ветерани од нивното владеење во 1990-тите и 20-годишната борба против коалицијата предводена од САД.

– Објавувањето преодна влада без учество на други групи и вчерашното насилство врз жените демонстранти и новинари во Кабул, не влеваат оптимизам, истакна Мас пред средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во американската база Рамштајн во Германија.

Тој додаде дека Германија е подготвена да обезбеди хуманитарна помош за Авганистан преку ОН и дека ќе ги продолжи разговорите со талибанците за да се обезбеди колку што е можно повеќе Авганистанци, кои се чувствуваат загрозени, да ја напуштат земјата.

Back to top button
Close